Ќе оди ли Никола Груевски во затвор?

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк“ за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“.

Судијката Добрила Кацарска ја напиша пресудата за Груевски и Ѓоко Поповски на над 200 страници.

Груевски беше осуден на казна од 2 години затвор за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувањето. За овој предмет за кој е осуден Груевски настапува апсолутна застареност на кривичното дело во октомври годинава доколку нема правосилна пресуда.(Макфакс)