18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Полицијата предупредува: Лажна наградна игра кружи на Фејсбук

Измамите на интернет стануваат сè поразновидни. Деновиве хрватската полиција открила една таква измама.

Полицијата во понеделникот известила дека последниве неколку дена добила неколку пријави од граѓани кои преку Фејсбук учествувале во наградна игра, а потоа на Месинџер добивале пораки дека баш тие се „среќните добитници“. Како би ја добиле наводната награда од корисниците било побарано да испратат фотографии од лични карти.

Но, бидејќи наградите не стигнале на нивните адреси, сфатиле дека можеби се жртви на некаква измама, па случајот го пријавиле во полиција.

Во полицијата досега стигнале три пријави, а засега не е забележано дали некој ги злоупотребил податоците на корисниците.

Спонзорирано: