18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов Зеланд им забрани на странците да купуваат куќи и станови

Нов Зеланд усвои закон со кој на странците им се оневозможува да купуваат куќи и станови во земјата која се обидува да го сузбие растот на цените на недвижностите. Досега пазарот на недвижности во земјата беше отворен за инвеститорите од целиот свет, но отсега само жителите на Нов Зеланд и одредена категорија странски државјани ќе може да купуваат куќи и станови.

Во текот на претходните години имаше анегдоти дека богаташите од силиконската долина купуваат ранчови во руралните области во Нов Зеланд за бегство во случај на каква било катастрофа затоа што се смета дека оваа островска држава е најоддалечена од остатокот од светот, па на неа има најголеми шанси за преживување. Исто така, се зборува и дека богатите Кинези плаќаат повеќе од жителите на Нов Зеланд за куќи во Окленд.

Статистиката покажува дека речиси три отсто од куќите во Нов Зеланд им се продадени на странци, но и дека има раст од пет отсто во регионот на Квинстаун и 22 отсто во Окленд.

Со новиот закон е исполнето ветувањето од кампањата на владата предводена од либералите, која дојде на власт минатата година.

Странците со постојан престој во Нов Зеланд и понатаму ќе може да купуваат куќи и станови, како и жителите на Австралија и Сингапур затоа што со овие земји Нов Зеланд има договори за слободна трговија.

Спонзорирано: