9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

Кризата во Турција поради падот на вредноста на турската лира не може никако да влијае на финансиската стабилност на Србија, рече денеска генералниот директор на Одделот за монетарни операции на НБС, Никола Драгашевиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања, Драгашевиќ рече дека НБС ги следи сите настани во меѓународното опкружување, како и со турската лира.

„Нема опасност дека кризата во Турција ќе се прелее во нашата земја“, рече Драгашевиќ.

Тој истакна дека финансискиот систем претрпел и други кризи, како што е брегзитот, и нагласи дека динарот и понатаму е под притисок за зајакнување, како и дека на тоа влијаат и голем број фактори кои дејствувале уште од април минатата година.

– Ја зголемивме отпорноста на нашиот финансиски систем на сите шокови од меѓународното опкружување – истакна Драгашевиќ.

Спонзорирано: