12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Научниците имаат нов систем на временска прогноза: Еве што не чека наредните четири години

Научниците според новиот систем на прогноза предвиделе дека периодот помеѓу 2018 и 2022 ќе биде невообичаено топол, со голема веројатност за екстремни температури.

– Голема е веројатноста дека моменталната клима ќе достигне период потопол од нормалата наредните пет години поради трендот на глобалното затоплување, се наведува во истражување на британски и холандски истражувачи на основа на пробабилистички систем за прогноза.

Истражувањето објавено во магазинот „Nature Communications“ вели дека тој тренд ќе ги засили моменталните долгорочни трендови на глобално затоплување.

Предвидувањето доаѓа после силниот и долготраен топлотен бран на северната хемисфера.

Истражувачите рекле дека развиле статистички модел кој овозможува веродостојни предвидувања на просечните температури на воздухот и површината на морињата.

Спонзорирано: