5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Кадровската комисија на марионетската влада е систем од типот кадија те тужи, кадија те суди

Според партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев, Комисијата за кадровски прашања на Владата, која дава предлози за разрешување владини функционери, слободно може да се каже дека е институција во која, како што велат оттаму, кадија те тужи, кадија те суди.

„Во Комисијата од т.н. македонски дел членуваат Кочо Анѓушев и Венко Филипче, кои беа фатени на дело како само за 10 дена крадат 45 милиони евра народни пари со криминалната распределба на Фондот за иновации и крвавиот тендер на Министерството за здравство, а од т.н. албански дел членуваат Хазби Лика и Садула Дураку, кои своверемено како градоначалници и министри се вмешани во криминал во општините Тетово и Липково и проневера на милиони евра од Министерството за земјоделство“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија наведуваат дека во секоја нормална држава овие владини функционери-министри веднаш би биле разрешени најмалку од морални причини.

„Кочо, Венко, Садула и Хазби се членови на Комисијата за кадровски прашања и треба сами да си дадат предлог за разрешување. Засега на Зоран Заев не му паѓа на ум да побара нов состав на владината кадровска комисија. Граѓаните наивно очекувале Комисијата на марионетскта влада за кадровски прашања да предлага разрешување на сите функционери кои нечесно си ја вршат функцијата. Па, тогаш, кој ќе краде народни пари од државниот буџет?“, јавно прашуваат од партијата на Бачев.

Спонзорирано: