12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Турција во шок: Силен пад на лирата, туристите пазарат скапи брендови за без пари

Вредноста на турската лира и денеска продолжи да паѓа, а потона и главниот турски берзански индекс бидејќи инвеститорите стравуваат поради економската политика на Турција и влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон. Турската Централна банка објави низа мерки за обезбедување на ликвидноста на домашните банки, но слободниот пад на лирата продолжи бидејќи мерките не успеваат да ја повратат довербата на инвеститорите.
Бидејќи потона минатата недела, вредноста на лирата вчера падна дополнителни седум проценти во однос на доларот, а од почетокот на годината 45 проценти. Индексите на сите поголеми светски берзи го завршија денот во минус, а турската „Борса Истанбул 100“ падна 2,4 процента.
Лирата падна бидејќи инвеститорите се сомневаат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе успее да се избори со слабата валута и дипломатскиот спор со САД, што резултира со двојно зголемување на американските царини на увоз на челик и алуминиум од Турција.
Ердоган ја исклучи можноста за подигнување на референтните каматни стапки, што би можело да го забави економскиот раст, а независните аналитичари наведуваат дека подигнувањето на стапката е итно потребна за стабилизација на турската лира. Дополнително, новиот претседателски систем во Турција му овозможува на Ердоган да изврши притисок на Централната банка и да спречи подигнување на каматните стапки.

 

Инаку туристите веќе ги преполнија скапите брендирани бутици и продавници кои поради падот на лирата нудат многу ефтини брендирани производи.

Спонзорирано: