16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и зајакнување на вооружените сили на САД.
Трамп законот го потпиша на свеченост во американската воена база „Форт Друм“, 400 километри северозападно од Њујорк, во присуство на повеќе илјади американски војници.
„Овој закон е најважен за вложување во нашата војска, нашите борци и модернизација на армијата. Благодарение на него ќе ги замениме старите тенкови, авионите и бродовите со најсовремена и најсмртоносна технологија некогаш развиена“, рече Трамп. Тој изрази надеж дека никогаш нема да имаат потреба да го употребат оружјето, но ако дојде до тоа да го применат, противникот нема да има никакви изгледи да извојува победа.
Законот овозможува набавка на 77 најсовремени авиони „Ф-35“, нов носач на авиони и други борбени пловила, како и модернизација на нуклеарниот арсенал, објави Белата куќа. Исто така, предвидува зголемување на платата на вработените во вооружените сили во износ од 2,6 проценти, што е најголемо зголемување на платата во последните девет години.
Законот ја покрива потрошувачката за фискалната 2019 година, која почнува на 1 октомври.
Спонзорирано: