12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силно невреме во моментов беснее во Македонија – еве каде е најкритично

Попладнево времето во земјава нестабилно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено на североистокот од земјава.

Во моментов, како што соопштуваат синоптичарите, најразвиена облачна маса со грмежи и поројни врнежи од дожд има во подрачјето северно од Св. Николе, како и кон Пробиштип. Нестабилно е и во подрачјата западно од Велес и северно од Битола, додаваат од УХМР. Правецот на движење на облачните маси е главно од југозапад кон североисток. Послаба облачна маса има и над Скопската Котлина, се вели во нивното соопштение.

До крајот на денот не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со можност за краткотрајно невреме со силен ветер. Повеќе услови за нестабилност ќе има во источните делови, а нестабилноста ќе продолжи и во ноќните часови, велат синоптичарите.

Спонзорирано: