10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Над 30 мртви, меѓу кои и бебе: Страшни сцени по несреќата во Италија

Најмалку 30 лица го загубија животот во несреќата што денеска се случи се во близина на Џенова, Италија.

При уривањето на надвозникот, кој е дел од главниот автопат А10 во близина на Џенова, според заменик-министерот за транспорт на Италија, бројот на загинати би можел и натаму да расте. Досега најмалку 22 лица загинаа, а меѓу нив има и едно дете, пренесува италијанската новинска агенција АНСА повикувајќи се на информции од италијанското МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за агенцијата АНСА додаваат и дека пет лица кои се наоѓаат во болницата се во критична состојба.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, испратил писмо со сочувство до претседателот на Италија, Серџо Матарела, по повод големата трагедија во Џенова.

„Јас сум потресен од слики што ги видов од местото на несреќата. Ве молам, на семејствата на загинатите, како и на оние што ги бараат своите најблиски, оние кои тагуваат по нив, пренесете им го моето длабоко сочувство, на поврдените, пак, пренесете им ги моите искрени пораки за брзо закрепнување”, напишал српскиот претседател.

Според очевидците, за само 15 секунди исчезнале речиси стотина метри од надвозникот. Дел од очевидците објавуваа на социјалната мрежа „Твитер“ и фотографии од еден камион кој успеал да запре на самиот крај од срушениот пат.

Според досегашните информации, се претпоставува дека сè уште има заглавени луѓе под урнатините, а надлежните посочуваат дека сите служби за итни случаи се достапни, пожарникари, амбулантни возила, полицијата.

Спонзорирано: