6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Фото и Видео) Застрашувачки видео снимки од рушењето на надвозникот во Италија

Италијанската полиција на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео на кое се гледа моментот на рушењето на надвозник во близина на Џенова.

Бројот на загинати лица во несреќата досега се зголеми на 35 лица, а според италијанските власти тој и натаму би можел да се зголемува. Меѓу загинатите има и едно дете.

Хрватските медиуми пишуваат и за сведоштвото на еден возач на авотбус, кој како што вели за медиумите за влакно ја избегнал несреќата.

„Јас возев автобус за Хрватска и го преминав надвозникот само половина час пред да се распадна. Се шокирав кога чув дека надвозникот се срушил“, раскажува возачот за хрватските медиуми.

Возачот, Рудолф Полунич, за тамошните медиуми посочил дека морал да застане да одмори и во последен момент одлучил да одмори по Џеноваа. Тој во својата изјава наведува „ако застанав и се одморив претходно, најверојатно ќе бев во колоната која во тој момент се најде на надвозникот“.

Спонзорирано: