13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во пожар во Тајван загинаа девет лица

Во пожарот кој избувна во болница во Тајван загинаа девет лица, а 15 лица беа повредени, објавија официјални лица од земјата.

Според Ројтерс, започната е истрага за причината за пожарот, а премиерот Вилијам Лај изјави дека тамошното Министерство за здравство ја надгледува операцијата за спасување во општината Њу Тајпеј и дека пожарот е угасен пред зори.

Огнот, како што се вели, избувна на седмиот кат од зградата што се користеше за здравствена заштита.

На фотографиите на оваа несреќа се гледаат медицинските сестри како ги носат пациентите со болнички кревети и на носилки, а голем број амбулантски возила се наоѓаат пред болницата подготвени за превоз на жртвите во најблиските медицински центри.

Спонзорирано: