12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тежок инцидент во Македонија: Еден прободен

На 12.08.2018 година околу 22.05 часот во СВР Велес било пријавено дека во ходник од станбена зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.A. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36) од Велес, при што му нанел убодна рана во пределот под градниот кош.

Повредениот П.Н. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: