13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат дали се за иднина

Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива. СДСМ обезбедува иднина, а ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски треба да кажат за што се, вели Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.

„На референдумот на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок. Сите прогресивни сили, политички субјекти кои се на страната на иднината го поддржаа референдумот, сите се за НАТО и ЕУ. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле, се уште не соопштуваат за што се. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за изолација“, смета СДСМ.

Владејачката партија истакна дека на референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет.

Спонзорирано: