7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На Google Maps откриен непознат објект: Знае ли некој што се случува тука? (Видео)

Теоритичарите на заговори забележале „скриена воена база“ среде пустината Гоби. Необичната, округла писта за слетување е забележана на Google Maps на северот на Кина.

Браќата Блејк и Брет Коусинс се сомневаат дека ја откриле „кинеската зона 51“. Фотографиите ги објавиле на својот Јутјуб канал, кој е преполн со НЛО сведоштва и детали од мрачни владини тајни.

На фотографијата може да се забележат најмалку три авиони и неколку згради. Се гледаат и низа концентрични кругови.

Кругот е поделен со линии, кои најверојатно претставуваат писти.

– Нешто чудно се случува тука во Азија. Не знам за што се работи, нема премногу смисла, рекол еден од браќата.

Другиот додал: „Знаат ли Кинезите што се случува тука?“

Спонзорирано: