13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција на нозе: Најмногу се казнува за ова!

Во текот на изминатиот викенд (на 10, 11 и 12.08.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди од кои една со загинато лице, една со тешки телесни повреди, девет со лесни телесни повреди и 14 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 21 лице со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 116 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 47 возачи од кои: осум возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 35 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници.

 

Исто така, исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило бидејќи било технички неисправно. Санкционирани биле 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи бидејќи не дале првенство на минување на пешаци., пет неправилно се престројувале и еден возач поради неправилно престигнување. Санкциониран е и еден пешак затоа што поминал коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатте денови издадени се 145 мандатни платни налози, додека 141 возило биле подигнати со специјално возило “пајак”

Спонзорирано: