Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Имате куќа полна пајаци? Еве како да се решите од нив

Колку и да го чистите и да го уредувате својот дом, пајаците секогаш ќе најдат начин да влезат во вашата куќа и да пронајдат мирно место каде ќе плетат мрежа. За среќа, постои природен и безболен начин да се решите од нив.

Пајаците, како и многу други инсекти не го поднесуват мирисот на ментата, односно нане. Оваа билка има јак ароматичен мирис кој им одговара на луѓето, но е неподнослив за пајаците и разни инсекти.

Ако посадите мента во мали тегли и ги поставите низ домот во ќошевите, засекогаш ќе ги избркате пајаците.

Ако не сте од оние кои чуваат билки во домот, доволно е да се обидете со овој целосно природен производ.

Состојки: 1,5 мала шолја вода, 1/2 мала шолја алкохолен оцет, 20 капки етерично масло од мента

Подготовка: Во шише со распрскувач ставете вода и алкохолен оцет, па додајте етерично масло. Мешавината добро протресете ја.

Пропрскајте ги местата зад ормарите, машината за миење задови, ќошевите во купатилото, односно сите места на кои се појавуваат пајаци.

Оваа мешавина нема да ги уништи пајаците, но ќе ги држи подалеку од вашиот дом. Повторувајте ја постапката периодично.

Во тренд…