9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Ахмети со нов потег во пресрет на референдумот: Еве го следниот чекор на ДУИ

Како што Господ ни помогна во овие 17 години, така ќе ни помогне и сега, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Ахмети додаде и дека ќе ги ангажира сите капацитети за референдумот да не биде неуспешен.

„Со договорот победуваат од политичарите до обичниот граѓанин“, рече Ахмети.

Според лидерот на ДУИ, со членството на Македонија во ЕУ целиот регион ќе биде постабилен.

„И Европа ќе стане посилна со членството на Македонија во Унијата“, додаде Ахмети.

На прославата свој говор имаше и премиерот Зоран Заев. Заев се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија.

Премеирот додаде и дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја.