Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВработувањеВо тренд...

Отворени 125 работни места во АРМ – еве како да се пријавите

Врз основа на член 3 1 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на РепубликаМакедонија” бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

ЈABEH ОГЛАС
1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија
за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можноста за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:
да се државјани на Република Македонија;
да се полнолетни и
да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:
да имаат завршено средно образование;
да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08, 00 часот до 16, 00 часот.

4. Платата изнесува од 20. 000, 00 денари до 24. 000, 00 денари.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војницн на служба во АРМ, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војницн на служба во АРМ, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар Скопје.

6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во АРМ, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана.

Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во АРМ („Службен весник на Република Македонија” бр. 170/16) достапен на следниот линк: http://morm. gov. mk/wpcontent/ uploads/201 8/07/ PraviInik-za-fizicld-proverki-. pdf.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија.

9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, согласно точка 1 од овој оглас.

10. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 30 дена од денот на објавување во најмалкудва дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазикразличен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРМ. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министер ството за одбрана www.morm.gov.mk.

Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото наживеење.

12. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:
Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРМ (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРМ (Уверението се зема во Одделението за одбрана);
Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, a кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во АРМ:

1 3. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 57/18) и тоа: проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити, проверката на физичката способност, проверката на здравствената способност, се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во АРМ.

15. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:
диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
уверение за државјанство;
извод од матична книга на родените:
уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
трансакциска сметка;
ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или
потврда дека не е во работен однос издадена од агенцијата за вработување.

16. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.

Огласот е валиден до 31.08.2018

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе