12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови силни земјотреси: Тлото не престанува да се тресе, има штети

Два земјотреси со јачина од 5,4 и 5,1 ја погодија вчера Северна Албанија, по што следеа 15 афтершокови. За само пет часа биле почувствувани три земјотреси, од кои едниот бил со послаб интензитет. Според агенциите, оштетени се десетици згради.

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека посилниот земјотресот бил регистриран во 17.33 часот на длабочина од 5 километри во близина на селото Винол во област Мат на 120 километри северно од главниот град Тирана.

Институтот за геолошки науки енергија, вода и животна средина соопшти дека другиот земјотрес е регистриран во 17.38 часот на околу 40 километри северно од Тирана на длабочина 24 километри во близина на градот Булкизе.

Одделот за одбрана објави дека 67 куќи биле оштетени во Клос, Мат и Булкизе, но нема повредени лица.

Земјотресот беше почувствуван силно во Тирана и во поголемиот дел од земјата, како и во Македонија, Косово, Црна Гора и Босна.

Најсилно беше почувствуван во Дебар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала, информираше Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Спонзорирано: