9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Клоси: Македонскиот државјанин Ремзи Хоџа беше убиен поради врските на Бериша со Милошевиќ

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша имаше врски со неговиот српски колега Слободан Милошевиќ, но постојано Бериша се обидуваше и се обидува да биде албански патриот.

Токму и убиството на македонскиот државјанин Ремзи Хоџа во 90-тите години во Албанија се случи поради врските што ги имаше поранешниот албански претседател и премиер со српскиот преседател Милошевиќ, изјави поранешниот шеф на албанската тајна служба ШИШ, Фатос Клоси во интервју за тиранскиот весник ,,Сот”.

Тој притоа наведува дека ,,убиството и тортурите извршени врз Ремзи Хоџа во Албанија се поврзани токму поради тоа што Хоџа знаеше многу нешта и не ги кажа”.

Резми Хоџа, познат како македонско – косовски бизнисмен во Албанија својот бизнис го започна во 1995 година основајќи компанијата ,,Албатрос”. Во Тирана беше уапсен од страна на припадниците на албанската тајна служба и до денес не е познато како е убиен и каде е неговото тело.

Клоси во интервјуто нагласува дека сегашниот судир на Бериша со косовскиот претседател Хашим Тачи е поврзан со фактот што Бериша сака да се прогласува како голем албански патриот и покрај тоа што имал соработка со Милошевиќ и за време на косовската војна.

Коментирајки ги актуелните состојби во Косово и идеите на косовскиот претседател за корекција на границите на Косово со Србија, Клоси кој последните години е познат политички аналитичар во Албанија, вели дека верува дека идејата не е само на Тачи, туку тоа е идеја на меѓународниот фактор,која се пренесува преку косовскиот претседател.

Спонзорирано: