21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Авиомеханичар украл авион од аеродром па го урнал во море

Авиомеханичар украл авион на „Алјаска ерлајнс“ во кој немало патници и полетал од Меѓународниот аеродром во Сиетл, во државата Вашингтон. Набрзо потоа се урнал во близина на островот Кетрон.

Полициски официјални лица денеска објавија дека авиомеханичарот бил склон кон самоубиство и дека инцидентот нема никаква врска со тероризам. Авионот бил украден од 29-годишен човек кој, според аудио снимките, им кажал на контролорите за летање дека има многу луѓе кои се грижат за него, но дека е емоционално вознемирен.

Нoвинската агенција АП соопшти дека тој се пошегувал прашувајќи дали авиокомпанијата ќе го вработи како пилот, ако успее да слета безбедно. Сепак, авионот се урнал во близина на островот Кетрон.

Официјални лица изјавија дека вработен во компанијата летал без дозвола и дека авионот се урнал во морето. Инцидентот се случи минатата ноќ, а станува збор за авион Q400 кој може да има и до 78 места.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое може да се види како авионот кружи над аеродромот, објави Би-Би-Си. Прелиминарната истрага покажува дека несреќата се случила бидејќи механичарот извел акробација, а не бил доволно обучен за летање, објави локалната полиција на Твитер.

Спонзорирано: