12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стоиловски: Извештајот на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата

„Македонија е претворена во дувло на криминалот и корупцијата, а тоа доби потврда и од ГРЕКО, групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа.

Македонија никогаш во својата историја откако е член на ГРЕКО нема добиено негативен извештај и никогаш не била оценета со незадоволителна оценка од страна на Советот на Европа во однос на борбата против корупцијата, посочува на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски.

Тоа докажува дека ако во секоја држава има мафија, тука, со доаѓањето на власт на СДСМ, додава тој, мафијата си доби своја држава.

Првпат откако СДСМ е на власт ние добиваме катастрофален извештај кој покажува дека приоритет на кабинетот на премиерот Зоран Заев е личното богатење преку брутален грабеж на народот и државата, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го предупреди Заев дека уназадувањето во нашите евро-атлански интеграции поради криминалот извршен од високи партиски и државни функционери на СДСМ никогаш нема да може да надомести со распродажба на државните и националните интереси на Македонија. Ваквиот извештај на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, јазикот и идентитетот, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата и да се доближи до Европската Унија. Но затоа ГРЕКО потврди дека единствен начин да се стави крај на корупцијата во Македонија е криминалниот картел на власт да си замине“, изјави Стоиловски.

Спонзорирано: