4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Со години ја заговарам опцијата за разграничување со Косово, вели Вучиќ

Сакаме јасна граница, а не привремена состојба како што е денес, односно едно на пишано, а друго на терен, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ за „Новости“.
На овој начин Вучиќ го образложи неговиот став за разграничувањето, додавајќи дека Србија сака земја чиишто граници ги знае и што ќе бидат јасно дефинирани. Тој истакна дека неговата идеја за разграничување не е ништо ново и дека опцијата се заговара со години, а тој отворено зборувал во јавноста.
„Многупати зборував на оваа тема, не е ништо ново, а тоа што некои поради својата совест на ова гледаат со чудење и имаат расипана фантазија, тоа не го разбирам“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека не крие оти го поддржува разграничувањето и истакна дека е тоа политиката што тој ја преставува.
„Не знам дали ќе добие поддршка од народот или не, но јас се залагам за разграничување со Албанците“, подвлече Вучиќ.