17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Зголемена фреквенција на граничниот премин „Табановце“, за излез од државата се чека од 30 до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека на граничниот премин „Табановце“ е забележана зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.

Од АМСМ додаваат дека на другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, а посебно во клисурите и засеците можна е појава на одрони.

Спонзорирано: