10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија: Западот се однесува како судија и обвинител

Руската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска соопшти дека Западот се однесува како обвинител и судија, поради случајот со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал.

„Целиот Запад во т.н. новичок-драма се однесува како обвинител и судија во исто време. Зошто Русија да ја докажува својата невиност, а не обратно?”, напиша руската делегација при Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Претходно САД објавија дека на 22 август ќе воведат санкции против Русија поради случајот „Скрипал“, на што реагираа од Амбасадата на Русија во САД, оттаму посочија дека причините за новите американски санкции се измислени.

Спонзорирано: