20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов терористички напад – десетици мртви, меѓу кои деца

Десетици луѓе, а меѓу нив има и деца, беа убиени при воздушен напад во северниот дел на Јемен, објави Меѓународниот црвен крст.

Бунтовниците за смртоносниот напад ја обвинија Саудиска Арабија.

„Десетици мртви, и неколкумина повредени, главно деца под 10-годишна возраст”, објави на „Твитер“ шефот на Црвениот крст во Јемен, Јоханес Бруер.

Локалните жители посочија дека во автобусот имало ученици кои тргнале на пат за летна школа.

Но, во близина на градот Дахјан во провинцијата Садаи биле погодени од ракета.

Саудиска Арабија и нејзините сунитски сојузници веќе три години водат борби со проиранските хути, кои имаат контрола над поголемиот дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град.

Саудиската коалиција досега нема дадено никаков коментар за инцидентот.

Спонзорирано: