20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Направете го ова и зголемете ги шансите за прилив на пари во вашата куќа

Ако мачите мака со парите, се прашувате кога и вам ќе ви тргне во живтот, пробајте со овие трикови.

Многумина тврдат дека функционира. Фенг шуи е древна кинеска вештина. Таа верува дека некои аспекти од животот можете да ги унапредите или уназадите во зависно од распоредот на работите во просторот.

Ако сакате да ја зајакнете вашата финансиска ситуација, пробајде во совјот животен простор да ги направите овие измени…

Не би требало да користите никакви симболи на вода во домот: ’Цевки кои течат се знак дека парите ви бегаат од раце’, вели Фенг шуи стручњакот Карен Картер.

Како би ја зајакнале својата баковна сметка, задолжително треба да ги поправите сите расипани цевки во домот, но и да се решите со сета вода која подолго стагнира, на пример променете ја водата во вазната за цвеќе.

„Најдобро би било да избегнувате изложување ликовни дела со елементи вода особено во спалната соба. Исто така, не треба да поставувате огледала на места повисоки од вашиот нос“, советува Картер.

Внесете повеќе билки: За да просперирате во животот и да ви тргне со финансиите кои ни се многу важни, според древната кинеска техника најдобро би било својот дом да го креирате како здрав простор без неред, каде ќе има повеќе билки и цвеќиња. Нередот му пречи на слободниот проток на енергија, поради што најчесто доаѓа до проблеми.

Освен што треба да го разубавите просторот со растенија и цвеќе, треба и често да проветрувате во исте простории.

Декорирајте со боите на богатството: Бојата има големо влијание на вашето расположение. Црвената се смета за моќна боја, па затоа и не треба да ни е чудно што црвениот тепих по кој славните шетаат е токму црвен.

Црвената, зелената и виолетовата боја привлекуваат пари и гарантираат благосостојба.

Чиста кујна: Просторот каде готвите е директно поврзан со парите. Според Фенг Шуи стручњакот, Сузан Мекгер, шпоретот мора секогаш да е чист, фрижидерот да е организиран и во него секогаш да има свежа храна. Исто така, потеребно е и секоја рерна правилно да работи. Овој простор треба да ви е совршено чист.

Решете се од старите предмети: За да заработите пари, некогаш морате да се решите од старите предмети кои никогаш не ги користите во домот. На пример, сигурно во некоја кутија чувате стари далечински управувачи, облека која не ја носите и слични предмети кои не му служат никому.

Ако нешто не користите, веројатно не ви е важно, ниту потребно. Креирајте слободно место во домот и засилете го влезот на новата енергија која ќе ви донесе просперитет.

Спонзорирано: