11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Страшна сообраќајка: Четворица повредени

Возач и тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила вчера во 17.15 часот на регионалниот пат Тетово-село Сиричино, кај воениот склад „Еребино“. Според полицијата, се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел корса“ управувана од А.Н. (35) од с.Калник и „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Ш. (24) од село Шемшово.

Притоа, на повреди се пожалиле возачот на возилото „голф“ А.Ш. и неговите сопатници А.А. (27) од с.Шемшово, А.Љ. (22) од с.Шемшово и А.Н. (35) од с.Г.Палчиште. Со друго возило тие биле пренесени во клиничка болница Тетово каде им била укажана лекарска помош.

Поради карактерот на повредите возачот бил задржан на лекување, додека сопатниците, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: