23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Опозицијата во шок: Објавена анкета, Македонците масовно ќе излезат на референдумот за членство во ЕУ и НАТО, ова се резултатите

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, „За“ би гласале 41,5%, а „Против“ – 35,1%, односно разликата е 6,4 процентни поени. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август.

Сепак, помалку Македонци би гласале „За“ (27,4%) отколку „Против“ (45,2%), додека кај етничките Албанци поддршката „За“ е убедлива (88% наспроти само 2,2% „Против“).

Повеќето млади би гласале „За“ (49,2%), а со возраста опаѓа поддршката (34,9%).

Слична е тенденцијата и во однос на образованието – поголема поддршка на Договорот со Грција даваат тие со повисоко образование.

Во однос на партиската припадност, очекувано големи мнозинства на симпатизерите на најголемите две партии се во линија со партискиот став (75% од тие на СДСМ се „За“, а 68% од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се „Против“), но поголемо отклонување има кај СДСМ (14,6% нивни симпатизери ќе гласаат „Против“, наспроти 4,7% од тие на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „За“).

Дополнително, 20,6% од тие на ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да излезат на гласање.

Анкетата е направена телефонски, на повеќеслоен стратификуван примерок од 1.026 испитаници постари од 18 години, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење.

Спонзорирано: