10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Топлотниот бран во Јапонија в болница однесе повеќе од 71 000 луѓе

Повеќе од 71 000 луѓе завршија в болница како резултат на топлотниот бран кој веќе извесен период може да се забележи во Јапонија.

Според податоците на Агенцијата за управување со пожари и катастрофи, од 30 април до 5 август, поради топлотниот бран, повеќе од 71 000 лице е хоспитализирано, а од нив 138 починале.

Рекордно висока температура беше забележана на 23 јули, кога живата на термометарот покажа 41,1 степен.

Властите прогласија „природна катастрофа”.

Надлежните лица предупредуваат дека топлотниот бран ќе трае, оттаму апелираат до сите граѓани да се внесуваат што е можно повеќе течности, доколку немаат потреба да не излегуваат надвор, и да внесуваат повеќе витамини.

Министерството за образование издаде препораки до локалните власти низ целата земја да ја разгледаат можноста за продолжување на летниот одмор за учениците поради смртоносно високите температури.

Овогодишниот јули за Јапонија беше еден од најпогубните месеци во земјата поради временските неприлики.

Спонзорирано: