10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Позајмените средства се за враќање на долг во истата недела

Не е точно дека долгот се зголемил за 32 милиони евра. Откако ВМРО ДПМНЕ го создаде, јавниот долг бележи намалување за прв пат после 9 години, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжија и осиромашија граѓаните. Наследени се обврски од 2 милијарди 114 милиони евра до 2020 година кои треба да се вратат. Тоа се камати и главнини од задолжувањата направени во времето на ВМРО ДПМНЕ. Токму поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира. (Од 23% нa 48% во 2016). Не е точно тврдењето дека долгот се зголемил за 32 милиони евра. Позајмените средства на денешната аукција се за враќање на долг во истата недела и нето задолжувањето не е 32 милиони како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија тврди дека оние кои го дуплирале долгот и создале огромни обврски кои сега се враќаат, се трудат да ја излажат јавноста.

Спонзорирано: