4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКАТОП ВЕСТИ

Научниците предупредуваат: Нa Земјата нема да живеат ниту милијарда луѓе

Дури и ако човештвото го намали испуштањето на стаклени гасови, како што е предвидено во Парискиот климатски договор, самата планета може да ги спречи човечките напори и засекогаш да се претвори во ефект на стаклена градина, се вели во најновата студија.

Со такво сценарио, просечната температура на Земјата може да биде 4 или 5 Целзиусови степени повисока во однос на прединдустрискиот период, што е многу повеќе од предвиденото со Парискиот договор (макс +2 Целзиусови степени), се наведува во студијата.

Емисијата на стаклени гасови веќе предизвика зголемување на просечната температура на Земјата за 1 степен, зголемувајќи ја и веројатноста и интензитетот на летните горештини, суши и бури.

Научниците опишуваат десет аспекти на Земјиниот систем, кои сега се неутрални или имаат корисен ефект, но во иднина би можеле да бидат фатални, предизвикувајќи повисоки емисии на јаглероден диоксид и метан во атмосферата отколку сите човечки активности заедно.