15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Можни предвремени избори во Македонија, објави Катимерини

Грција нема потреба да преземе никаков чекор за спроведување на договорот склучен со Македонија бидејќи ништо не зависи од неа, пишува весникот „Катимерини“, според кого, има две сценарија за договорот да влезе во сила.

Според весникот, во првиот случај, доколку договорот биде отфрлен, Зоран Заев нема да може да направи ништо иако референдумот не е обрзувачки. Во вториот случај, ако граѓаните се изјаснат позитивно на референдумот, би следел процесот на ревизија на Уставот, кој може да трае три месеци.

„Врз основа на досегашната негативна позиција на ВМРО-ДПМНЕ, не мора да значи дека успешниот референдум ќе ги предомисли пратениците на опозицијата да одобрат промена на Уставот. Во овој случај, господинот Заев ќе ја одведе ПЈРМ на предвремени избори со цел да го зголеми парламентарното мнозинство и да го потисне ВМРО“, пишува „Катимерини“.

Меѓународните партнери на Атина сметаат дека можните предвремени избори во Грција ќе го одведат договорот во безизлезна ситуација, додава „Катимерини“, според кого, во 2018 нема да биде потребно грчката страна да направи никаков чекор.

„Дури и следната влада на Грција би можела да се соочи со лошата реалност ако договорот со ‘Северна Македонија’ не биде ратификуван. Причина за ова е што земјата сега има официјална покана, а притисокот за влез во НАТО ќе расте, па дури и со привремената референца БЈРМ“

Спонзорирано: