11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 10:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Скупи се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „бмв адвентор“ со скопски регистерски таблички управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило ,,хундаи I30“ со скопски регистерски таблички, управувано од А.П.(50) од Скопје.

По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница ,,8 Септември“ каде што од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: