7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ако се утврдат неправилности за џипот на МВР ќе бидат преземени соодветни мерки

Времето на злоупотреби заврши, нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе бегање од одговорност, ако се утврдат неправилности се преземаат мерки

Граѓаните знаат какви се злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Почнувајќи од прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, времето на злоупотреби заврши тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност.

,,Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за споменатиот случај извршени се соодветни проверки, а во тек е и дополнително утврдување на сите факти. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки.Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере”, се додава во реакцијата.

Спонзорирано: