13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Почнаа обуките за управување со случаи во системот на социјалната заштита

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, во партнерство со Уницеф и УНДП, започнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаеви. Од МТСП велат дека ова е една од клучните алки во реформата на социјалната заштита, со што се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот.

Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок, но и проблемите во секојдневнието. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека тоа дирекно ќе влијае на превенцијата од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд.

Во наредните месеци сите стручни работници од центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаеви, како дел од подготовките за имплементација на новиот Закон за социјална заштита.

Спонзорирано: