11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Јованоски оствари средба со семејствата на загинатите бранители

Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски. се сретна со семејствата на бранителите, членови на резервниот состав на АРМ коишто на 08 август 2001 загинаа кај месноста Карпалак.

Пред 17 години, изутрината од заседа се убиени прилепските бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Здружението „Карпалак“ и Општина Прилеп и годинава се организатори на одбележувањето во чест на делото на загинатите прилепски бранители. Утревечер делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, ќе положат свежи цвеќиња пред спомениците во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите потоа ќе се упатат кон селото Лениште каде пред спомен плочата на загинатите бранители ќе положат свежи цвеќе.

В среда рано изутрината претставници од здружението „Карпалак“ и Општина Прилеп ќе положат свежи цвеќиња на Карпалак, местото каде што беа убиени прилепските бранители.

Во раните утрински часови делегација предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, ќе им оддадат почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта. Делегации од Општина Прилеп ќе им оддадат почит и ќе положат свеќи цвеќиња и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци.
Делегација на Општина Прилеп ќе присуствува и на панихидата што во нивна чест ќе се одржи во црквата „Света Петка“ во населбата Точила.

На пладне во 13:00 ч. пред спомен плочата кај споменикот „Карпалак“ бројни владини, општински и како и делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии, здруженија и граѓани ќе положат свеќи цвеќиња и ќе им оддадат достојна почит на нашите загинати сограѓани.

Спонзорирано: