3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Анѓушев лажеше дека неговите фирми нема да учествуваат на тендери

Вицепремиерот за грантови и тендери, Кочо Анѓушев, ја потценува интелегенцијата на граѓаните додека ги полни своите фирми и фирмите на своите најблиски со тендери, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Само пред една година ја лажеше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат во државни тендери, а во меѓувреме по различни основи додели милионски суми сам на себе. Имено, по скандалот од 2017 година кога државната ЕЛЕМ требаше да ѝ додели на фирмата на Анѓушев ‘Фероинвест’ 2,6 милиони евра, вицепремиерот Анѓушев се правдаше и лажеше“, рече Арсовски.

Тој додаде дека од оваа изјава до денес 160 000 евра народни пари биле доделени на „Кастинвест“ и последниот случај со јавната набавка дадена на фирмата „Брако“ во вредност од 2,6 милиони денари од страна на Агенцијата за патишта.