21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Што се случи во Каракас – обид за атентат или експлозија на плинска боца?

Пожарникарите кои биле на местото на наводниот обид за атентат над венецуелскиот претседател Николас Мадуро, велат дека експлодирала плинска боца во еден од околните станови. Со тоа е доведена во прашање официјалната верзија на тоа што се случило во Каракас.

Пожарникарите рекле дека сакаат да останат анонимни, зошто немале дозвола да зборуваат за тоа. Од друга страна пак, Дејвид Смајлд, од противпожарната канцеларија изјавил дека аматерскиот обид за атентат на Мадуро не изгледал исцениран. Тој рекол дека нема знаци оти нападот бил испланиран, за да Мадуро од тоа има политичка корист.

Според членови на НВО, Мадуро на снимката изгледал ранливо.

Врз Мадуро и порано бил извршен обид за атентат, за кој тој го обвинил колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и тамошните десничари. Мадуро истакна дека има целосна доверба во својата држава и нејзините вооружени сили.

Спонзорирано: