21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Само измешајте ги состојките, ставете во тепсија и испечете: Брза и вкусна шпанска пита

Одлична комбинација на проја и вкусен зеленчук.

Состојки: 1,5 шолја пченкарно брашно, 1,5 шолја пченично брашно, 1 шолја гриз, 4 јајца, 150 гр шунка, 2 свежи црвени пиперки, 3-4 кисели краставички, 150 гр кашкавал, 1/2 шолја масло, 2 шолји вода, 1 кесичка прашок за печиво, сол

Начин на подготовка:

Разматете јајца, додајте ги двата вида брашно и гриз, масло, вода и прашок за печиво, и посолете по вкус.

Потоа додајте шунка исечкана на коцки, пиперки, краставички и кашкавал, исто така исечкани на коцки.

Смесата ставете ја во намастена тепсија и печете на 200 степени, околу 45 минути до еден час.

Добар апетит!

Спонзорирано: