12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Сите го правите ова пред спиење, а не сте ни свесни какви ризици носи

Еве зошто никако не треба да користите мобилен телефон пред спиење

Читањето од екран пред спиење може да биде лошо за вашето здравје, покажа истражувањето спроведено во Бостон. Веќе е познато дека светлото од различни екрани навечер го менува чувството на успиеност и будност, и го спушта нивото на мелатонин во организмот.

Невронаучниците докажале дека луѓето кои навечер читаат книга подобро спијат од оние кои читаат од таблет или смартфон и други направи кои емитираат светлина, што вклучува и некои видови телевизори. Оние кои читаат од екран имаат пократок РЕМ циклус и лачат помалку мелатонин кој го регулира спиењето.

Последиците на недоволно и неквалитетно спиење не се само замор во текот на наредниот ден, туку и различни здравствени проблеми како прекумерна дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести, кои веќе се поврзани со недостигот на сон. Хроничното сузбивање на мелатонин исто така е поврзано со зголемен ризик од некои видови рак.

Ако веќе никако не можете без екран навечер, обидете се да го филтрирате плавото светло. За Андроид и Епл постои апликација која го дава тој ефект, додека корисниците на компјутери можат да се обидат со софтвер како што е F.lux.

Спонзорирано: