11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Црн ден во Македонија: Четворица починати

Четворица мртви во Македонија во четири различни случаи забележува билтенот на македонската полиција за вчерашниот ден.

На 30.07.2018 година во 07,00 часот во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57) покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник. Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 30.07.2018 година околу 15,15 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, З.Ц. пријавил дека во с.Олевени-битолско бил пронајден починат (во фаза на распаѓање) неговиот татко П.Ц.(66) од с.Олевени. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 30.07.2018 година во 20,20 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на лекар од Јавната здравствена установа Кавадарци пријавил дека на Тиквешкото Езеро кај место викано „Голеш“ од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш.(72). Од страна на лекар констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

На 31.07.2018 година во 08 часот било пријавено дека во Куманово во ФЗЦ “11 Октомври“, Б.В.(45), додека извршувал работни задачи во еден момент бил погоден во пределот на градите од метално парче, кое се откинало од алатот со кој работел и на пат кон болница починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: