13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Нема да има поделба на Косово, но ќе има „гранична корекција“

Иако категорично негира дека ќе има поделба, косовскиот претседател Хашим Тачи потврди дека ќе има корекција на границите.

На прашањето на новинарот на КТВ за тоа што значи воведувањето на таканаречената „Прешевска долина” во дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, Тачи кажа дека верува дека „тоа е прилагодување на границите меѓу Косово и Србија, по признавањето на Косово од страна на Србија”, пренесува „Коха“.
– Ќе имаме корекции на границите. Како работиме со сите земји во регионот и како успеавме да постигнеме договори за демаркација со Црна Гора и Македонија, во случај на заемно признавање со Србија ќе имаме државни граници. Имаме околу 400 километри граница со Србија – кажа Тачи, кој е убеден дека НАТО ќе му помогне на Косово во тој поглед.

Тој кажа дека прашањето за поделбата на Косово никогаш не било тема, а разговорите за тоа ги нарекува „лажни вести”.

Спонзорирано: