7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пороен дожд и грмежи, еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени.

Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.

Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба.

Спонзорирано: