5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Овоштари во БиХ бараат берачи на јаболка: Дневница 1.200 денари, два оброци, кафе, сместување и превоз

Овоштарите во Република Српска, БиХ, се подготвени да вработат илијадници берачи на јаболка, за што нудат дневници до 20 евра (1.200 денари).

Истакнуваат дека родот оваа година е како никогаш досега и дека најголем проблем им претставува недостигот на амбалажа за бербата.

„Околу 1 септември почнува бербата на јаболка и тогаш ќе ни бидат потребни работници колку што никогаш досега не ни требале. Се работи за повеќе илјади работници кои ќе бидат неопходни за бербата која ќе трае околу два и пол месеци. Кој и да ни се јави, ќе биде вработен“, вели Драгоја Дојчиновиќ, претседател на Здружението на овоштари на РС за Капитал.ба.

„Работник за месец дена може да заработи од 500 до 600 евра. Дневницата е од 17 до 20 евра, со два оброка, кафе, некаде обезбеден превоз и сместување.“ – појаснува Дојчиновиќ.

Спонзорирано: