17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Намерно ги прскал пешаците па добил отказ (Видео)

Возач на комби кој уживал во прскањето пешаци на улиците на Отава добил отказ од работодавачот откако снимката од неговиот подвиг се појавила на интернет.

Возачот е снимен како намерно преминува преку големи вирови после пороен дожд низ главните улици на Отава каде ги прскал пешаците.

Работодавачот на возачот, градежна компанија, упатила извинување на својот Фејсбук профил, оценувајќи го како неприфатливо однесувањето на вработениот кој добил отказ.

– Сакаме да ја увериме јавноста дека безбедноста е наш приоритет. Станува збор за изолиран инцидент и таа личност веќе не работи за нас, се наведува во соопштението.

https://youtu.be/X6OjzWhD8nw

Спонзорирано: