10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Гроб на девојка (16) е мистерија цели 150 години: Од раката од камен цвета цвеќе

Во 1867 година трагедија го погодила угледното семејство Валтер во Фрајбург, Германија, кога Каролин, девојка на само 16 години, починала откако добила туберкулоза.

Семејството било скршено од болка, а сестрата на Каролин – Селма, барала на гробот да се направи Каролин во природана големина како лежи во постела, како штотуку да заспала откако читала книга. Споменикот е поставен покрај ѕид во локалните гробишта, на мирно и тивко место обраснато со трева и други растенија.

Необјаснивиот дел? Последниве 150 години некој остава цвеќе под камената рака од скулптурата на трагично починатата девојка.

Кратко по погребот на Каролин, кога цвеќето од погребот почнало да венее, Селма почнала да забележува дека некој упорно носи нови, свежи ружи и ги остава покрај раката на скулптурата.

Месеци и години поминувале, а цвеќето одново и одново се појавувало. Чуварот на гробиштата не можел да помогне во разрешување на оваа мистерија, а целата приказна се прочула низ Германија.

Семејството зборувало дека, во животот, Каролина никогаш не споменувала некое момче или евентуално симпатија иако постоело општо мислење дека цвеќето го остава некоја заљубена душа.

Сепак, сите биле одамна покојни, а свежите цвеќиња секое утро се во рацете на скулптурата.

Се проценува дека повеќе од 50.000 ружи досега се оставени на гробот на Каролин Валтер, но кој ги носи и зошто, засекогаш останало мистерија.

Спонзорирано: