13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Властите во Гостивар започнаа акција за уривање дивоградби

Во Гостивар почна акција за уривање на бесправните градби на територијата на општината.

Како што информираат локалните власти, првата градба што денеска е урната е ѕид во населбата Питарница, кој бил изграден без соодветна дозвола и на локација предвидена за улица.

„Со уривањето на ѕидот, се овозможува слободно движење на возилата на тој дел од населбата“, соопштуваат од Општината и додаваат дека ќе продолжат со уривање на бесправните градби, како ѕидови кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти коишто се изградени бесправно.

Од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар ги повикуваат граѓаните да не градат без соодветна дозвола бидејќи ќе се соочат со сите мерки согласно со законите.

Спонзорирано: