11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

(Видео) Деркоски: Ќе работиме согласно сo законите за успешно да се спроведе референдумот

Новите членови на Државната изборна комисија денеска потпишаа свечени изјави. Претседателот на комисијата, Оливер Деркоски рече дека ќе работат согласно со законите за успешно да се спроведе референдумот.

-Го означивме почетокот на работата на ДИК со потпишувањето на свечените изјави, очекуваме Собранието да донесе понатаму одлуки значајни за работата на ДИК. Ќе ги почитуваме Уставот и законите за успешно да ја завршиме задачата, спроведување на референдумот. Ажурирањето на изборниот список се прави постојано, ние ќе дадеме придонес плус за да се надминат дилемите околу избирачкиот список, рече новиот претседател на комисијата, Оливер Деркоски.

Новиот состав на ДИК треба да го организира референдумот за името, што треба да се спроведе на есен.

Спонзорирано: